Холи Мадисон ги осигурала своите гради на цифра од милион долари. Поранешната Плејбој зајачица одлучила да ги осигура во случај на незгода или повредна на своите силиконски гради поради која не би можела да настапува во еротското шоу Пипшоу во Лас Вегас.
– Слушнав дека луѓето си ги осигуруваат деловите на телото, па си реков зошто и јас не би го направила тоа. Да им се случи нешто на моите гради не би можела да работам неколку месеци и веројатно би останала без милион долари. Мислам дека барем вака ќе го покријам загубеното иако е малку смешно. Но, моите гради треба да го добиваат тоа што го заслужуваат. Сепак тие засега ми се примарен извор на приходи, кажа силиконската плавуша.