Познатиот актер Раде Шербеџија тврди дека Анџелина Џоли наскоро планира посета на српската престолнина. Во едно интервју тој вели дека нема причина да не се оствари неговото ветување, затоа што Анџелина навистина сака да го посети Белград.
Откако прекрасната актерка му беше гостинка на Бриони во Хрватска, Шербеџија сака да ја запознае Џоли и со српската престолнина.
„Во моментов преговарам со еден мој пријател од Белград за доаѓањето на Анџелина, бидејќи сакам да подржам еден негов проект во врска со универзитетите“, вели Шербеџија.
Тој уште поодамна вети дека ќе ја донесе Анџелина во Белград, уште за време на нејзината посета на Хрватска, каде Шербеџија и беше домаќин.
Освен Хрватска, Анџелина Џоли беше и во Босна и Херцеговина, каде неодамна го сними филмот „Во земјата на крв и мед“, како и во Косово, каде ги посети камповите за избеглици. Изгледа дека на убавата актерка и се допаѓа Балканот, па ништо лудно ако наскоро ни дојде во посета на Македонија.