Хотел со 7 ѕвезди во облик на месечина!

popara22 ноември, 20111min00
1

Баку, престолница на Азербејџан  е богата со историски споменици. Сепак, брзо работи и на модернизација, па наскоро ќе го добие и вториот хотел на светот со 7 ѕвезди.

Главен извор на приходите во буџетот се нафтата и гасот кои ги има доволно за градот да стане еден од најживописните места на планетата.

Целосно револуционерен пристап за планирање во светот, се реализира токму во Баку наречен “White City”. Ова е оптимистична верзија на поранешниот прекар “Black City”, кој Баку го добил поради хафтеното загадување.

На речиси 220 хектари на поранешните индустриски земјишта сега се наоѓаат станови, канцеларии и шопинг центри за околу 50.000 жители и 48.000 работници.

Постојано изникнуваат нови патишта, паркови, интернет конекции, а на панорамата доминираат така наречените “Пламен кули”.

На овие интересни знаменитости ќе се пидружи и хотелот Crescent, кој е дизајниран во Јужна Кореја од архитектонската фирма Heerim Architects and Planners.

Кога проектот ќе биде завршен во 2015 година ќе биде сместен на брегот на Каспиското море со 33 ката во форма на полумесечина.

За проектот ”Бел град” ќе бидат потребни неколку децении за да се комплетираат сите негови апекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag