После долга и тешка борба со ракот на дојката, вчера во Хјустон(Тексас) почина Ева Еквал(28), храбра девојка која во 2000. година беше избрана за Мис Венецуела.
На Ева ракот и бил диагностициран во 20120 година, откако видела бемка на дојката дур го доела своето бебе, неколку месеци после породувањето.
Така само неколку месеци по породувањето Ева била соочена со борба за живот. Заради хемотерапијата ја изгубила косата, станала уморна и често чувствувала недостататок на енергија. Морала да ги отстрани двете дојки.
Најтешко и паднало тоа што не можела да поминува доволно време со ќерката Миранда, поради исцрпеноста.
Еве за венецуелските медиуми стана синоним за борба, а нејзините најборбени моменти ги забележал фотографот Роберто Мата.
Во текот на својата болест Ева напишала книга, водела емисија и давала бројни интервјуа. Цело време имала подршката од сопругот Џон Фабио Бермудеза. Но, храбрата девојка сепак ја загуби битката. Следната недела ќе биде погребана во Венецуела.