Дали знаете дека правилната и урамнотежена исхрана може да ја подобри вашата меморија? За подобра меморија јадете храна која помага да се задржи виталноста на мозокот. Избрете храна која содржи антиоксиданси и е богата со омега-3 масни киселини, витамини Е и Б6.
Домати: Доматите содржат ликопен, моќен антиоксидас кој ги штити телото од оштетување на клетките, а со тоа помага да се спречи деменцијата. Докажано е дека доматите помагаат во спречување на појавата на Алцхајмеровата болест.
Лосос: Мрсните видови на риба се одличен извор на омега-3 масни киселини кои помагаатза зајакнување на меморија. Препорачливо да јадете риба најмалку три пати неделно.
Брокула: Брокулата е богата со витамин К, кој ја подобрува когнитивната функција на мозокот а со тоја ја подобрува и меморијата.
Боровинки: Боровинките содржат фисетин, состојка која ја поттикнува долгорочната меморија.
Зелена салата: Најмалку еднаш дневно конзумирајте зелена салата бидејки таа ги содржи сите потребни минерали за добра меморија, кои имаат навистина многу корисен ефект на целокупното здравје.
Спанаќ: Спанаќот е богат извор на фолна киселина, која може да помогне за подобрување на меморијата.
Јаткасти плодови: Јаткастите плодови се богати со здрави масти и се полни со протеини, витамини и растителни влакна. Тие се многу важни за развојот на мозокот, нервите, како и зајакнување и подобрување на меморијата.
Грашокот: Грашокот содржи совршена комбинација на протеини и јагленохидрати, како и минерали кои ја промовираат виталноста на мозокот и меморијата.
One comment
Bob Vancov
24 ноември, 2012 at 08:37
Pisav nekolku pati vi blagodaram sto stavuvate mnogu poucni raznovrsni pouki fala na se Bosko