Храна за подобар оргазам

popara3 декември, 20111min00
Couple eating strawberries in bed

Добриот секс во голема мера зависи и од физичката подготвеност и здравјето на луѓето, кои најмногу зависат од исхраната. Околку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, еве ви листа на намирници кои ќе ви го олеснат патот до совршен оргазам.

Спанаќ: Нема да згрешиме доколку спанаќот го окарактеризираме како природна вијагра. Овој зеленчук е богат со витамин Е, кој е главен катализатор во производството на хормони во телото. Исто така спанаќот е богат и со манган, кој го олеснува производството на естроген.

Семиња: Лененото еме, семките од тиква, соја, сончоглед и леблебија се пријатели на сексуаните хормони. Конзумирајте една лажица семиња секој ден и лесно ќе го регулирате нивото на тестостерон. Семињата исто таа се богати и со омега 3 масни киселини, кои позитивно влијаат врз сексуалниот нагон.

Јаткасти плодови: Сите врсти на јаткасти плодови обезбедуваат енергија потребна за секс, а исто така се богати и со витамини кои помагаат при регулација на хормоните во телото. Јатастите плодови кај многу луѓе делуваат и како афродизијак.

Овошје: Сите видови на овошје, особено оние богати со витамин Ц се од витално значење за сексуалното задоволство. На телото му е потребен витамин Ц за здрави полови органи, а и за производство на квалитетна сперма. За врвно сексуално задоволство особено се препорачува киви, рибизли и јагоди.

Морски плодови: Морските плодови се вистинска терапија за сексуалните проблеми. Освен што делуваат као моќен афродизијат, тие содржат и големи количини на омега 3 масни киселини кои го покренуваат метаболизмот, а го зголемуваат и нивото на допамин, хормонот на задоволство. Морските плодови се богати и со витамин Б, кој е повран со плодноста.

Зачини: Зачините се генерално сојузници на нашиот метаболизам, а за да го зголемите сексуалното задоволство најмногу се препорачува конзумирање на луто пиперче и ѓумбир, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта.

Темна чоколада: Темната чоколада содржи хемикалии наречени пенетиламин, која го чисти организмот од токсини и пружа чувство на задоволство. Со темната чоколада се зголемува производството на серотонин, кој го подобрува расположението, го намалува стресот и ја зголемува желбата а физички контакт.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag