HTC ги претстави “HTC Titan” и “HTC Radar”

popara5 септември, 20111min00
HTC-Radar

И двата телефони ја вклучуваат HTC Watch- апликацијата и услугата сите најнови филмови и ТВ серии ги покажува на вашиот мобилен и така им овозможува на луѓето да откријат нови видео содржини. Телефоните користат и виртуелен 5.1 сараунд звук за подобро аудио доживување, како и посебно хардверско копче за камера со кое, без отклучување на телефонот, можете да сликате од f/2.2 отворот. Така, со помош на објективот од 28 милиметри, може да се добие повеќе од тоа што го гледате пред себе, а тука е и панорамската опција. Со помош на HTC Photo Enhancer сликите кои сте ги сликале, веднаш можете да ги објавите на Фејсбук.

„Телефоните оригинално се дизајнирани за комуникација, но не го пратат начинот на комуникација на денешните потрошувачи. Затоа направивме  windows телефони – за да ги ставиме луѓето на прво место, и притоа ги вклучивме сите видови на комуникација кои луѓето ги користат без користење на мобилниот уред”, изјави Енди Лис, претседател на одделот за windows телефони.

HTC Titan може да послужи како подвижен уред кој овозможува мултитаскинг, како на пример, гледање на презентации при конференциски повик, или, слушање на музика додека пишувате e-mail пораки. Со својот голем 4,7 инчен супер LCD екран, 8 мегапикселната камера и 1,3 мегапикселната предна камера за видео повици, HTC Titan ги комбинира инзворедните карактеристики со тенкиот, 9,9 милиметри, заоблен облик.

Во телефонот е вграден Microsoft Office Mobile, а напредните е-меил функции го олеснуваат управувањето со повеќекратните проекти; можете да ја синхронизирате „to-do” листата и календарите на едно место. Сето ова ја олеснува комуникацијата.

HTC Radar е елегантно изработено алуминиумско тело. Апликацијатa People Hub ќе ве држи во тек со најновите вести за вашите пријатели, прикажувајќи ви разговори со секоја поединечна личност, како и нивни статуси од социјалните мрежи. Исто така може да останете во контакт користејќи СМС, Фејсбук чат, и МСН без префрлување од апликација на апликација или нарушување на комуникацијата. Исто така може да зборите „лице во лице” со новиот видео повик кој ви овозможува да се видите со своите пријатели преку 3,8 инчен екран.

Овие телефони ќе станат достапни од октомври 2011, и прво ќе се продаваат во Европа и Азија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag