Еден стриптиз клуб во Чикаго своите клиенти на многу оригинален начин ги стимулирал да бидат хумани. Сите посетители на стриптиз клубот ќе добијат бесплатен танц во скут доколку донираат барем една изграчка во добротворни цели.
„Играчките кои ќе се донираат мораат да бидат нови, а клинтите, односно оние кои ќе ги донесат играчките ќе може да добијат само еден танц во скут, без оглед на тоа колку играчки донеле“, навеле во соопштението од клубот.
Минатата година оваа акција привлекла големо внимание и дека сите играчки кои биле собрани биле донирани на локалните сиропиталишта.
Покрај бесплатниот танц во скут, за гостите ќе биде организирана и борба со перници меѓу девојките, се разбира кои ќе бидат голи.