“Hurts” во Белград и Скопје

24 јануари, 20110
HURTS

Британската електро-поп сензација “Hurts” од Манчестер, која ја сочинуваат пејачот Тео Хачкрафт и клавијатуристот Адам Андерсон, ќе настапат на 25-ти Мај во Арена, во Белград. Иако тие имаат објавено само еден албум, бендот за кратко време стана популарен, првенствено поради песната “Прекрасен живот” и дуетот со Кајли Миног. Интересно е тоа што концертот ќе биде со ограничен капацитет. Арената ќе биде отворена само за 4.000 посетители и картите ќе бидат достапни од 31 Јануари, по цена од 2490 динари за партер и 2.990 динари за фан пит и трибините.
Авалон Продукција оваа година на Скопје Гори 2011 ја носи електро поп атракцијата Hurts! Момците кои доаѓаат од Манчестер, својата слава ја добија поставувајќи спот на YouTube, кој чини само 20 фунти, а како што пишуваат и многу светски медиуми, можеш да станеш ѕвезда за толку кратко време само ако публиката директно те избере. Овој видео спот до сега има над 17 милиони гледања.
Hurts ќе настапат на отворено на 26ти мај, на Скопското Кале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi