Сексуално запоставената мајка на две деца и била исплатена оштета, поради немањето секс со години.
Париз – по 21 година брак, жената која мажот сексуално ја запоставил си земала оштета од 10.000 евра.
Апелациониот суд ја потврдил одлуката од семејниот суд во Ница од јануари 2009 година, а вината за разводот била препишана на мажот. Тој морал да исплати на жената 10.000 евра поради повеќегодишното немање секс.
Судот се повикал на членот 1382 од граѓанскиот законик кој предвидува дека секој кој предизвикува штета на некој друг мора да плати оштета.