Рози тврди дека нејзиното момче Рајан требало да и истетовира сцена од филмот “Нарнија”, но наместо тоа добила нешто сосема неочекувано.
А што всушност се случило?! Рајан дознал дека Рози веќе подолго време го изневерува со неговиот пријател и во знак на одмазда и истетовирал слика од измет оклу кој летаат муви преку целиот грб.
Пози прво се обидела, својот сега поранешен дечко да го обвини дека ја напил и искористил, но “паметниот” Рајан пред немилиот настан ја натерал да потпише формулар за согласност за тетовирање.
-Цела ноќ пиевме евтино вино и текила. Бев во несвест поголем дел од времето и се разбудив со оваа ужасна слика на својот грб, изјавила Рози.
Во текот е постапка во судот, а доколку Рајан го изгуби овој случај ќе мора да плати 100.000 долари оштета.