Јапонците се познати како големи “воркохолици”, меѓутоа тие сепак знаат и како да се опуштат. Така, уште во 60-тите години на минатиот век, смислиле “љубовни хотели”, а нивната популарност до ден денес постои.
Хотелите кои се создадени само за парови направени се првенствено од потреба.
Всушност, во Јапонија живеат два пати повеќе луѓе отколку во Велика Британија, која завзема слична површина, со тоа што 85% е ридски терен. Така што, Јапонците плачат за простор и приватност. Покрај тоа, нивната култура е таква што живеат со родителите се до бракот и тоа најчесто по три генерации под ист покрив, па најчесто се одвоени само со хартиени прегради.
Практични, какви што се, смислиле хотели каде ќе доаѓаат само за секс. Собите во љубовните хотели толку се посебни што секој може да избере “свет” во кој сака да ги помине тие платени часови. Еден дел е во вообичаен европски стил, но со додатоци на кревети кои се вртат или таван со огледала.
Постојат и специјализирани соби за доктори, возачи, нуркачи или астронаути, а некои хотели имаат и простории за групни забави со дополнителни погодности. Така на пример, еден хотел дава бесплатно патување во Токио Дизниленд или Хонг Конг, ако некој пар за пола година ги помине сите 24 соби.
Се е замислено така што во овие хотели немате ниаков контакт со вработените, па можете потполно, анонимно и опуштено да ги посетувате. Собите можат да се резервираат на два часа, што чини помеѓу 18 и 45 долари, додека за цела ноќ потребни се 115 долари.