Голем број на клубови во Европа сакаат да го доведат Бекс во нивните редови. Последен од листата клубови е ПСЖ и нивниот спортски директор Леонардо, кој пред 2 сезони на Бекам му беше тренер во Милан.
„Вратата е отворена. Тој е повеќе од фудбалер- тој е бренд, тој е ѕвезда. Тој ги почитува правилата, ве слуша и го сака најдоброто за својот тим. Затоа тој за мене е голем играч. Работев со него, па затоа знам како стојат работите,” изјави Леонардо.
ПСЖ станаа можеби финансиски најмоќниот клуб во францускиот фудбал, откако, беа купени од „Qatar Sports Investments” ова лето. Затоа се смета дека парите нема да бидат проблем, а односот во минатото на Леонардо и Бекам е уште еден плус.