Англија е лулка на фудбалот, а тоа го покажаа и мајмунчињата кој во Лондонската зоолошка градина повеќето од времето го поминуваат со минијатурната фудбалска топка. Боливските мајмуни прво се врткаа околку топката, за да разберат за што се работи, а после тоа почнаа со игра. Тие немаа фудбалски терен, но затоа се качуваа по јажето со неа, се подаваа и ја фрлаа. Многу злобници би рекле дека и мајмуни може да се научат да играат фудбал.
Овие мајмуни припаѓаат на видот познат под името Саимири и прилично се ретки. Живеат во тропски шуми во Средна и Јужна Америка, а ги карактеризира жолто-портокаловата боја на крзното на грбот, рацете и нозете. На вратот имаат беа боја, црна уста па може поради тоа некогаш ги нарекуваат Смртноглавци. Во лондонската зоолошка има околу 22 примероци од овој вид.