Иако фактот дека мажите сакаат секс во секое време и на секое место е општо прифатен факт, според некои истражувања мажите се оние кои се комплицирани кога станува збор за секс. Изгледа дека никој со сигурност не може каже дали мажите постојано мислат на секс или пак и тие сакаат мазење и галење. Но некои факти се непобитни:
Сексот за него е само физичко задоволство
Не бидете во заблуда кога тој во екстаза ви вика дека ве сака и ви ветува секакви работи затоа што тоа не значи дека станал емоционален, туку дека доживува сексуално задоволство и физичко уживање, а мажите се спремни на се кога се пред оргазам.
Некогаш сакаат бавен секс
Иако најчесто едвај чекаат да „свршат“, понекогаш и мажите уживаат кога работите се одвиваат побавно и се палат на сензуален, спор секс.
Не му давајте насоки
Мажите сакаат да доминираат, сакаат да истражуваат и самите да „се снајдат“. Барем, така мислат. Дозволете му да ужива во откривањето на вашето тело и немојте постојано да го предупредувате на тоа што смее, а што не смее да прави.
Дозволено е смеење
Не да му се смеете на него, нормално, туку да се смеете заедно со него. Незгодните ситуации во креветот, како на пример чудните звуци кои ги продуцирате, неговата неспретност кога случајно ќе ве повлече за коса или нешто слично, претворете ги во смешни ситуации.
Кога сака секс, сака исполнување на желбата веднаш
Кога мажите сакаат секс, го сакаат тоа веднаш, а не откако вие ќе ги завршите обврските. До тогаш, ним и „поминува ќефот“.
Мажите сакаат комплименти
Иако не секогаш се „најсјајни“ во кревет, наместо да ги критикувата, пофалете ги. Тие ќе ви бидат благодарни и со сигурност наредниот пат ќе бидат порпеливи и поромантични.