Абигал Кланси , британската манекенка и сопруга на фудбалерот Питер Крауч, збеснала кога сфатила дека нејзините интимни фотографии од мобилниот телефон и се украдени.
Збунета од фактот дека нејзините разголени фотографии циркулираат по интернет, сопругата на англискиот репрезентативец се заколнала дека ќе го најде човекот кој е одговорен за кражбата.
Првиот чекор го направила, случајот е пријавен во полиција, а вели и дека има идеја кој би можел да стои позадиовој немил настан.