До треттото место еден маратонец стигнал со автобус!
На еден британски маратонец му била одземена бронзената медаља освоена во Кидер маратонот во близина на Њукасл во неделата, бидејќи се утврдило дека тој последниот дел од трката ја поминал со автобус.
Организаторите на овој маратон соопштиле дека 31 годишниот поранешен воен механичар Роб Слоун „исчезнал“ од трката кратко по стартот, влегол во автобус, а потоа во финалето на маратонот искочил од шума и стигнал на целта како трет.
Слоун забележал резултат од 2 часа и 51 минута, што било за 21 секунда подобар резултат од неговиот личен рекорд.