Членовите на контроверзната американска баштистичка црква Westboro користејќи iPhone телефони преку твитер објавиле дека ќе протестираат на погребот на основачот на Apple, Стив Џопс, пишуваа американските медиуми.
Оваа црква во САД е позната по протестите кои ги одржуваат на погребите на американските војници и славни личности. Групата се закануваше со протести и кога беа погребите на жртвите од монструмот во Норвешка.
„Луѓето треба да се охрабрат за да го почитуваат Бог. Наместо тоа, тие прават работи кои се тотално во спротивност со Бог: блудство, прељуби, хомосексуалност, убиства“, напишале на својата страница во најавите за протестот на Стив Џопс.
Членовите на црквата сметаат дека Џопс ја злоупотребувал својата слава. „Имаше широка платформа: Да се одземе славата на Бог и подучување на гревови“, напишала на Твитер Меги од црквата Westboro.