Поранешниот британски премиер Тони Блер e во интимна врска со една од најбогатите и најконтроверзните жени во Израел, станува збор за Офра Штраус (51), сопственичка на 1,3 милијарди фунти вредна компанија за производство на храна, пишува Дејли Меил.
Офра и Блер толку често се гледале, што израелскиот печат си земал за право на сопругата на Блер да и напише: “Жено, имаш ли ти очи, дали гледаш што прави твојот сопруг?”
Портпаролот Офра Штраус веднаш ги демантирал овие обвинувања.
– Меѓу нив, никогаш немало ништо. Досега никој не ме прашал за нешто толку непримерно и грдо.
И Тони Блер изјавил дека нема ништо недолично во нивниот однос. За тоа време, британските медиуми објавиле дека Блер и Офра често биле видени во најексклузивните ресторани, каде имале интимни вечери, и воделе долги разговори, не обрнувајќи многу внимание на луѓето околу нив.
Поранешниот британски премиер, често престојувал во Израел поради неговата улога во решавањето на конфликтите во Блискиот Исток.