Иако летото заврши, еве Ви ги најубавите плажи во Европа оваа 2011 :))) Ќе си знаете за “до година”:)))

popara18 октомври, 20112min00
plazi

Летните одмори поминаа, останаа само спомените за убавите сончеви денови. И  покрај се не е лошо да се потсетиме на најубавите плажи во Европа. А вие уште од сега можете да почнете да планирате каде ќе отпатувате идното лето.

Тропеа, Калабрија

Тропеа е прав бисер на Тиренското море и една од најпознатите плажи на истоименото гратче, сместена во покраината Калабрија, на самиот југ на Италија.Плажата ја карактеризираат километарски дол бел, ситен песок заради што е нарекувана и Брег на Боговите.

 

Плажата Бенирас, Ибица

За плажата Бенирас се вели дека е добро чувана тајна на локалното население, што во превод би значело дека во потполност ја имаат заобиколено гратските хотели, ресторани, дискотеки и места за забава.

 

Цирали, Турција

Далеку од останатите туристи кои се одмораат на преполните плажи, плажата Цирали се наоѓа во скриениот рај на Турција. Без хотели, високи згради и летни гужви Цирали е идеално место за спокојно уживање на сонце и може да биде одлично решение за поинаква атмосфера и патување во однос на претходните години.

 

Кија, Сардинија

Неколкуте палжи кои се наоѓаат крај малото село Кија, на самиот југ на Сардинија, нудат прав рај за сурферите. Околу 9-те километри бели песочни плажи и тиркизната, кристално чиста боја на морето потсетуваат на Карибите.

 

Сан Вито Ло Капо, Сицилија

На југозападниот брег на сицилија, заштитен во заливот помеѓу два национални резервати се наоѓа малиот рибарски град Сан Вито Ло Капо. Ниските бели вили, километрите златен песок, тиркизното сино море, бадемовите дрвја и маслинки го оддаваат духот на Медитеранот.

 

Сесимбра, Португалија

Додека најголемиот број туристи летувањето во Португалија си го асоцираат со летувалиштето Алгарве, ние ќе ви предложиме да го следите патот на локалните жители и да се упатите кон западниот брег на Иберискиот полуостров. Сесимбра се наоѓа на еден час возење од Лисабон и не е претерано развиен, а со тоа не е ни претерано посетуван, иако е богат со песочни плажи пред кои се пружа поглед кон отвореното, сино, чисто море.

 

Пинарело, Корзика

Плажата Пинарело се наоѓа на само неколку клометри северно од Порто Векиа на Корзика. Таа е за сите оние кои сакаат сонце, море и песок. Главна одлика на корзиканските палжи е белиот песок, а плажата Пинарело не е исклучок. Таа е одличен избор за семејства со деца или парови кои сакаат поинтимна и поопуштена атмосфера на плажите.

Сент Максим, Азурна обала

Сент Максим е сместен во заливот Сен Тропе и се наоѓа на пет километри од него. Сент Максим нуди 10 километарска плажа. Најубавите плажи се наоѓаат на западниот дел, чистото море е доволен предуслов за сите оние кои го обожаваат нуркањето и водените спортови.

Oludeniz ( Олуденис ), Турција

Олуденис е прекрасен залив на југозападниот брег на Турција, и е познат под името “Тиркизниот Брег”. Атмосферата на заливот е мека за излежување, уживање и пријатен одмор. Плажата Плава Лагуна (Blue Lagoon) има мирна, кристално бистра вода, одлична за различни спортови на вода.

Плажата Кидрик или „Рајската Плажа„, како што многу го нарекуваат, е оддалечена два километри од центарот на Oludeniz. Изолираноста, златниот песок, тишината прекрасните пејзажи.

Плажите во Грција

Грција привлекува голем број туристи – сонце, античка уметност, интересен начин на живот, преубави плажи, узо, традиција… Грчките острови се приказна сама за себе.

Тие се едни од најубавите предели во оваа земја. Грците и туристите се согласни за едно: Кефалонија е навистина еден од најубавите грчки острови. Од највисоките делови на островот имате поглед кон сите останати јонски острови.

Островот изобилува со преубави плажи, фасцинирачки езера, зелени долини, густа шума, разновидно цвеќе. Во малите раштркани села ќе наидете на љубезни селани и ќе се запознаете со нивниот традиционален начин на живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma