Гвинет Палтроу, по сè изгледа воопшто не се грижи за најавата во врска со надојдената бура „Ајрин“, па вчера уредно се појавила на промоцијата на својата книга во една книжарница во Њујорк.
Актерката на промоцијата се појавила без трошка шминка, во шорцеви и маичка и изгледала многу опуштено. Со задоволство се дружела со своите фанови на кои им ја претставила својата прва книга-кувар: „My Father’s Daughter: Delicious, Easy Recipes Celebrating Family and Togetherness“.
По официјалниот дел на промоцијата, Гвинет останала и понатаму за да позборува со своите обожаватели и на секого му го потпишала примерокот од книгата, и покрај најавите на метеролозите дека една од најопасните бури која било кога му се случила на источниот брег, му се приближува на Њујорк.