Или 250.000 долари или ќе те кажам на жена ти!!! Ештон Качер во дилема…

popara30 септември, 20111min00
ak

Не за џабе рекле 5 минути слатко, цел живот…. ќе плаќаш за грешката што си ја направил. Откако јавноста дозна дека Ештон Качер ја изневерил Деми Мур, и тоа на нивната годишнина, „швалерката“ на Ештон, Сара Лил, побарала неверојатни 250.000 долари за да молчи околу аферата со актерот.

Не само што има желба да земе некоја пара, Лил превземала и конкретни чекори за да стигне до нив. Имено, таа се консултирала со адвокатска фирма, која исто така работи на случајот кој работник го поднел против Линдзи Лохан.

Наводно, познатиот актер и Лил поминале бурна вечер заедно. Тие се запознале на забава во клуб во Сан Диего, а ноќта ја продолжиле во хотелска соба во „Хард Рок“ хотелот, каде се „забавувале“ до раните утрински часови.

Доколку не ја добие посакуваната сума, Лин е решена да ги објави сите детали околу „кобната“ ноќ.  Засега нема официјален коментар од познатиот пар, но Деми Мур става толку мрачни статуси на Твитер, што многумина шпекулираат дека двојката веќе се разделила.

Што фино дете си беше Ештон пред да глуми во серијата „Два и пол мажи“, но изгледа го и него го фати „Чарли Шин/Харпер“ треска…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag