Американскиот фотограф Спенсер Тјуник сними уште една фотосесија карактеристична за неговиот стил. Овојпат, во неговата фотосесија учествуваа неколку илјади голи волонтери на брегот на Мртвото Море во Израел.
Фотосесијата е дел од истакнување на кампањата на Мртвото море како едно од седумте светски природни чуда, а изборот на „природните чуда“ ќе се оддржи во ноември преку глобално онлајн гласање.
Научниците предупредуваат дека Мртвото море би можело да пресуши до 2050 година, доколку не се превземат мерки за да се спречи тоа.
За Тјуник, кој е познат по фотографирањето на големи групи голи луѓе насекаде во светот, оваа фотосесија е показател дека Израел е отворен кон светот.
„Според мене, земја која дозволува голотија во име на уметноста на јавни места е навистина прогресивна, отворена и достоинствена“, изјавил американскиот фотограф, кој е евреин.
Ортодоксните еврејски политичари и рабини протестираа против фотосесијата на Тјуник и се закануваа дека ќе превземат правни мерки против уметникот. На Тјуник му се закануваа со полициска интервенција и фотосесијата ја нарекоа навреда за локалното население.
Погледнете го видеото направено за време на фотосесијата: