Им здосадило со обична, па си земале огнена топка за фудбал!

popara15 декември, 20111min00
Sepak-Bola-Api3-550x351

Sepak Bola Api, или Играта со огнена топка е уникатна игра од Индонезија која се игра во пресрет на Рамазан. Всушност, играта е иста како и обичен фудбал, со таа разлика што се игра со запалена топка која гори.

Бидејќи обичните фудбалски топки нема да издржат долго ако се запалени, оваа игра се игра со специјална топка направена од кокоси. Кокосот се дупнува за да се отстрани кокосовата вода, а потоа се става во сад со керозин или нафта и се остава да отстои најмалку една недела, за да може „топката“ да издржи во текот на целиот меч.

Пред натпреварот играчите изведуваат одредени ритуали кои треба да им помогнат да станат отпорни на оган. Тие постат 21 ден пред мечот и се молат, а во овој период поминуваат и цело деноноќие без да заспијат.

По овие ригорозни ритуали, играчите повеќе не се плашат од оган и подготвени се за мечот кој ќе го играат босоноги.

http://www.youtube.com/watch?v=EsV3B5cQldo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag