За многумина од нас денот започнува со кафе, но не и за американскиот водител Андерсон Купер.
Американскиот телевизиски водител Купер (44) во едно ток-шоу на CNN прв пат во животот проба кафе и спанаќ. Направи чудна гримаса и заклучи дека не му е убаво.
Купер својата прва голтка кафе ја испи пред јавноста и не беше одушевен. Дури не му беше јасно зошто луѓето го пијат овој напиток.
„ И ова луѓето го пијат секој ден? Навистина не ја разбирам поентата“, изјавил разочарано Андерсон.
httpv://www.youtube.com/watch?v=GFdVf-B6YPU