Фудбалерот на Барселона и Шпанија, Андрес Иниеста, поради повреда на бутниот мускул ќе паузира 4 недели. Ова е втор играч на Барселона кој се повредува во период од 4 дена. Во саботата се повреди новото засилување, Алексис Санчез, кој ќе паузира од 6 до 8 недели.
Иниеста се повреди на вчерашниот дуел против екипата на Милан, кој заврши 2-2. Во 38-тата минута тој се обиде да го издрибла дефанзивецот на Милан, Игнацио Абате, изнуди корнер, но и заработи повреда по која го напушти натпреварот и беше заменет со Цеск Фабрегас.