Институтот за технологија во Масачусетс-Кембриџ

popara18 мај, 20111min00
university_mit

МИТ Институтот за технологија во Масачусетс е приватен истражувачки универзитет лоциран во Кембиџ. МИТ има пет училишта и еден колеџ, вкупно има 32 академски оддели, а силно е ставен акцент на научните и технолошките истражувања.

Основан во 1861 година, како одговор на зголемената индустријализација на САД, а институтот го посвои европскиот политехнички универзитетски модел и нагласи лабораториски настави уште на самиот почеток. Раните почетоци на МИТ ставиле акцент на применетата технологија за додипломски и постдипломски нивоа на студирање, а тоа довело до тесна соработка со индустријата.

МИТ бил избран за член на Асоцијацијата на американските универзитети во 1934 година, а истражувачите биле вклучени во напорите да се развијат к омпјутери, радари, па и одредени истражувања за одбраната за време на Втората Светска војна и Студената војна. Во изминатите 60 години  образовните дисциплини на МИТ се прошириле и кон физичките науки и инженеринг, области како биологија, економија, лингвистика, политички науки и менаџмент.

За време на студентската година 2009 – 2010, на МИТ се запишале 4232 студенти, а веќе имал 6152 студенти на додипломски студии.  Вработени лица на универзитетот се 1009. Од МИТ имаат излезено 76 лауреати за нобелова награда, 50 приматели на националниот  медал за наука.

МИТ универзитетот се карактеризира со силна претприемачка култура, а вкупните приходи од копаниите кои ги имаат основано студентите од МИТ, би биле седумнаесета економија по големина во светот. Во 2009 година МИТ имал 718.2 милиони долари расходи за истражување, а 8 милијарди долари донации.

 

Универзитетскиот кампус се протега на 68 хектари земја, иако е основан во 1861 година, отворен е во 1865 година, по повелбата од Комонвелтот на Масачусетс. Предлогот за формирање на МИТ бил изнесн од страна на природниот научник Вилијам Бартон Роџерс.

Институтот за технологија во Мацачусетс, Кембриџ, станал коедукативен во 1870 година, а во моментов има 50:50 машко женски сооднос. Институтот има силен фокус кох пронајдоците и дека тоа ќе ги доведе до големи финансиски награди и вработените и поранешните студенти. Самиот факлутет има неколку библиотеки, меѓу кои книгите можа да се пребаруваат и онлајн.

Тешко е да се влезе на студии во МИТ, ако не сте високо академси надарени, бидејќи има високи стандарди во приемните програми.

МИТ има бројни истражувачки центри и лаборатории. Меѓу нејзините капацитети се  и нуклеарен реактор, разни центри, геофизичките и астрофизичките опсерватории, линеарен акцелератор, простор за истражувачки центар, суперсоничен ветер тунели, вештачка интелигенција лабораторија, центар за когнитивните науки, како и центар за меѓународни студии.

Официјалниот сајт на универзитетот http://web.mit.edu/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag