Интегрални погачи
31 мај, 20110

Еден час пред да ги измешате овесните снегулки со другите состојки прелијте ги со чаша вода да набабрат.
Измешајте ги сите состојки и направете тесто. Расукајте кора и со помош на чаша или модлици направете фигури. Ставете ги да се печат додека не поруменат.
Потребни состојки:
200 гр ‘ршено брашно
200 гр интегрално пченично брашно
200 гр пченкарно брашно
200 гр остро бело пченично брашно
100 гр семки од тиква
100 гр излупен сончоглед
50 гр ленено семе
50 гр сусам
100 гр овесни снегулки
1 прашок за пециво
1 шоља масло
1 мала шоља кисела вода
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер