Интересни примени на пастата за заби

popara15 октомври, 20111min00
pasta za zabi

Освен што пастите за заби ги негуваат, чистат и штитат вашите заби, тие имаат уште неколку интересни и корисни примени:

Неутрализира мириси: Сецкањето на лук или чистењето на риба остава непријатен мирис на вашите раце. Наместо сапун употребете паста за заби и миризбата ќе исчезне!

Отстранува дамки: Доколку имате дамки на вашата облека кои не може да ги исчистите, пред да ја ставите облеката во машина, дирекно врз дамката нанесете паста за заби и протријте. Паста за заби е одлично средство и за чистење на теписи.

Чевли: Паста за заби може да ја користите за чистење на патики или кожни чевли. Нанесете паста, истријте со четка и избришете со влажна крпа. Вашите чевли ќе бидат како нови!

Нечистотии на ѕидовите: Доколку имате деца, голема е веројатноста и да имате шкртаници на вашите ѕидови. За да ги исчистите, ставете паста за заби на шкртаниците и протријте со влажна крпа.

Чисти и го враќа сјајот на среброто: Накитот или сервисот од сребро истријте го со паста за заби и оставете го да отстои 12 часа. Потоа избришете го со влажна мека крпа.

Регенерира дискови: Пастата за заби може да ги поправи гребнатинките на дисковите. Нанесете тенок слој паста на дискот и нежно втријте, па пото изплакнете го со вода и оставете го да се исуши.

Бебешки шишиња: Доколку бебешките шишенца имаат непријатен мириз на стоено млеко, исчистете ги со четка на која сте нанеле малку паста за заби и добро исплакнете.

Смирува иритации: Пастата за заби е одлично средство за смирување на иритации на кожата, како на пример на убоди од комарци. Пастата за заби ја намалува потребата за чешање и го намалува отокот, а кожата побрзо се регенерира.

Чисти нокти: За чисти, сјајни и цврсти нокти, едноставно направете пилинг со паста за заби.

Одличен гел за коса: Доколку немате гел за коса, слободно искористете проѕирна паста за заби која ќе го има истиот ефект и ќе ја оддржи вашата фризура.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma