Иранските власти го забраниле прикажувањето на разголени мажи и љубовен триаголник на ТВ програмите, објавила новинската агенција Фарс, за новата забрана на конзервативна исламска држава.
Се уште не е јасно што ја предизвикало новата забрана, бидејќи иранската телевизија, го има монополот на поголемиот дел од програмата, која е посветена на верските програми и на владата. Очигледно е дека од денес повеќе нема да биде дозволено прикажување на локалната сапуница “Забрането овошје”, која неколку години по ред имала одличен рејтинг. Во серијата се зборувало за возрасен маж кој одлучил да ја напушти својата сопруга за многу помлада девојка.
Пред извесно време во Иран стапило во забрана прикажување на кулинарски рецепти кои потекнуваат од западните земји.
Од Исламската револуција во 1979 година, телевизиските програми мора да ги почитува верските вредности и да избегнуваат сцени каде се покажува интимност меѓу мажите и жените. Поради овие ограничувања голем број на Иранци нелегално купувале сателитска опрема, но властите во средината на 90-тите години го забранила користењето на сателитска опрема, која со неморални програми го корумпирала народот.