Бразилската полиција во петокот објавила фотографии кои ја покажуваат утробата на еден млад човек кој се обидел да прошверцува речиси еден килограм кокаин, известува AFP.
Ирскиот граѓанин P.B.B. (20) бил уапсени во понеделникот на 12-ти септември на аеродромот Congonhas во Сао Паоло. Сакал да се качи на авион за Брисел, кој запирал во Рио де Жанеиро и Лисабон. Бидејќи бил видно нервозен го привлекол вниманието на цариниците кои го привеле на сослушување. Откако признал дека голтнал дрога, бил пренесен во болница каде што лекарите биле вчудоневидени кога откриле дека во стомакот има 72 вреќи со кокаин. Една вреќа содржела 830 грама кокаин.
Момчето е обвинето за меѓународен шверц на дрога, и би можел да добие меѓу 5 и 15 години во затвор.