Инцидентот се случил вчера, кога пејачката, позната по многубројните хитови како “Umbrella”, “Rude Boy” и “S&M”, се наоѓала на едно поле во близина на ирскиот град Бангор, каде што снимала сцени за видео спот во пресрет на нејзините три концерти во Белфаст.
Откако почнала да снима, во близина на полето почнале да се собираат голем број на деца и локални фармери.
Ирските медиуми известуваат дека Ријанa била облечена во бикини и во искинати фармерки, а кратко време снимала и топлес.
– Младата девојка, во еден момент не беше соодветно облечена, изјавил сопственикот на полето Алан Греам, познат како многу религиозен човек.
– Мислев дека е невкусно облечена и го запрев снимањето, изјавил фармерот за ирската телевизија СВТ.
Греам признал дека не знаел која е 23-годишната пејачка, кога му побарале дозвола за снимање на неговиот имот.
Откако го запрел снимањето, Греам на кратко разговарал со поп-ѕвездата, за која изјавил дека имала разбирање за неговите забелешки.
– Таа беше многу љубезна, се ракувавме и разделивме во добри односи, додал Греам.