Документарниот филм на BBC “Одлучив да умрам” наиде на многу критики и осуди во свретската јавност. Режисерот Тери Претчет го снимил Питер Смедлеј(71) во швајцарката клиника за еутаназија, Дигнитас.
Гледачите најмногу ги погодило сцената каде Питер ја пие смртоносната доза а неговата сопруга Кристин седи до него. Питер пред да се напие од смртоносниот лек и се заблагодарил на персоналот во клиниуката за добрата нега додека престојувал кај нив и и се обратил и на својата сопруга со зборовите:
Мила моја те молам да бидеш силна.
Додека тој се гушел од лекот, Кристин се трудела да биде воздржана и ја почитувала неговата одлука. Тој во еден момент побарал чаша вода, но сестрата го одбила и му рекла мирно да ги затвори очите и да спие.
Тој сега мирно спие, полека паѓа во длабок сон и наскоро срцето ќе престане да му работи и објаснила медицинската сестра на Кристин.
Питер боледувал од пореметување на нервниот систем и затоа одлучил да си го одземе животот.
Дел од јавноста го осудува овој чин на Питер, како себичност према некој со кој живеел цели 40 години.