Босански Србин, со прекар Црни во исповед за Ројтерс опишал како тој работел како платеник во војската на Моамер Гадафи, а потоа во последен момент успеал да избега од Либија.
Како што востанието се ширело против Гадафи, така неговите војници почнале да дезертираат. Покрај неговите војници, почнале да бегаат и платениците, а меѓу нив и Црни, пишува Ројтерс, кој претходно се имал борено и во Сиера Леоне.
Гадафи го ангажирал да биде воен инстриуктор во март годинава, а за брзо време станал и командант на воена единица. Црни изјавил за Ројтерс дека Гадафи редовно го плаќал, и тоа во странски валути.
Во почетокот на август, како што вели Црни, почнало се да се распаѓа. Воената единица која ја водел тој почнала да се повлекува од нападот на многу појаката и поорганизирана армија на бунтовниците.
– Тие беа толку добро организирани што навистина не им можевме ништо. Се сомневам дека тие во своите редови имаа инфилтрирани воени сили на НАТО, изјавил Црни, кој бил шокиран хаосот кој настанал меѓу војниците лојални на Гадафи.
– Тие не знаеја да користат токи-токи, а многу од нив беа вистински кукавици, изјавил српскиот платеник.
Кога силите лојални на Гадафи се повлекле во средината на август на само 50 километри од Триполи, тој одлучил да си го спаси својот живот.
– Зедов џип, го наполнив резервоарот до врв, наполнив неколку балони вода и тргнав низ пустината. Отидов во една соседната земја. Ми требаа неколку дена за да се извлечам, изјавил Црни за Ројтерс.