Исповед на една ВИП дама за придружба

popara31 август, 20111min00
mg-400

Најдобрата девојка за придружба во Србија ги открива тајните на VIP оргиите, какви се политичарите и бизнисмените во кревет, што е тоа кокаински секс, како за година дена да заработите и до 400.000 евра и уште многу околу тоа.

Таа изглед како да се подготвува за мис на светот. Со манкенски пропорции, природно убава блондинка, дотерана до совршенство. Ненападниот врвен накит и најскапата облека на неа, само му додаваат на нејзиниот природен шарм и интелигенција кои се повеќе од очигледни после неколку реченици. Многу лесно би можела да помине во било кој холивудски филм глумејќи шефица на светска корпорација која врти милијарди. Таа е најдобрата и најбараната девојка за придружба во Србија, која најстариот занает на светот го довела до ниво на наука и заработува меѓу 250.000 и 400.000 евра годишно.

До неа не може да допре секој. После неколку молби и убедувања, се согласи да ја отвори душата и да проговори за „Pressmagazin“. Ова што следи е нејзината телефонска исповед, која подоцна ја потврдиле и други доверливи извори.

–          Сакам веднаш да ви биде јасно дека не сакам да се споменува моето вистинско име, а да не ви ни паднало на памет да ставите моја фотографија. Би ги изгубила сите клиенти, а не сакам ни да чујам нешто од типот: „Те видовме со онаа курва од весниците“. Не сакам ни моето семејство да го чита ова. И плус, имам две легални работи, добро ми оди со приватната фирма, а имам добра заработувачка и од еден вид јавно појавување.

Знам дека вам тоа не ве интересира, ама тие ми се условите. Значи, сè на мене е природно, само пред една година малку ги затегнав градите. Родена сум во Белград, имам 33 години и ова го работам веќе 8 години. Имам факултетска диплома, течно зборувам англиски и француски, а добро се снаоѓам и со шпански и италијански. Мислев дека во животот ќе работам нешто „прифатливо“ за луѓето, но ете, и во ова добро се снаоѓам. Не се жалам, не е ова лоша работа, добро се заработува. Сè започна кога имав 25 години. Тогаш во мода беа девојките за придружба и салоните за масажа.

Се запознав со една девојка која се занимаваше само со висока проституција. Таа ме насочи во работата, а подоцна ми ја остави цела клиентела бидејќи среќно се ожени за еден милионер и сега има деца и живее во странство.

Трема имав само првиот пат. Не ме плашеше работата што требаше да ја завршам, туку плаќањето. Еден саат, тогаш беше 300 марки. А за бакшиш добив уште 300! Да не се лажеме, ми се допадна сето тоа. И ден-денес си ја сакам работата. Нема подобар афродизијак од парите и досега не сум се покајала. Дури сметам дека сум многу среќна личност и имам впечаток дека цел живот ми е годишен одмор.

Така влегов во бизнисот за придружба. Јас сум љубопитна девојка и кога нешто работам, го правам тоа до совршенство. Затоа ги учев вештините на гејшите и европските куртизани. Читав разни книги, на интернет наоѓав многу корисни работи за мојот бизнис. Од психологија, преку заведување, па до разни сексуални техники. Брзо се прочув во водите на VIP проституцијата и станав многу барана. Што да ви кажам кога еден постар господин пред неколку години даде 1000 евра само за да спие на моите гради?!

За заработката и клиентелата ќе ви говорам малку подоцна. Сфатете дека ова не е обична работа – ќе се нашминкаш, ќе облечеш „минич“ и одиш да го „сработиш“ клиентот. Не! Ако си професионалец, оваа работа подразбира 24-часовно работно време, постојано учење и вложување во себе. Секој ден одвојувам 3 саати за изглед, еден во теретана, еден на масажа, а на фризер одам секој втор ден. Потоа, депилација, шминкање, купување облека и чевли… За професионалните настапи, имам посебна подготовка. За да секој клиент биде задоволен, правам посебни еротски вежби со специјални тегови. Тоа е јапонска техника од 14 век. Мускулите на гениталиите наизменично се стегаат и опуштаат околу теговите во облик на мало јајце. Резултатот е таков да дури и најмалку надарениот маж се чувствува како да продира во тесен простор, а тоа верувајте, му годи на секој.

Барем два саати дневно поминувам на интернет и читам вести бидејќи морам да бидам запознаена со сите случувања во земјава и светот, со музика, спорт, политика… И најважното, околу 35.000 евра годишно ми одат во вложување во себе. Секој втор ден на фризер, тоа е вкупно 1500 евра годишно, ексклузивна долна облека ме чини од 5 до 7 илјади евра, од причина што е за еднократна употреба. Еден пар свилени чорапи се 50 евра, сандалите се околу 500 евра, еден фустан-марка е 1000 евра, на фитнес ми летаат 2400 евра, на масажа и арома терапија 3000 евра и така… За среќа, парфемите ги добивам како подароци.

Ама затоа, заработката е одлична. Годишно може да се заработат и до 400.000 евра, сума за која обичните смртници можат само да сонуваат. До мене се стигнува само со препорака и сум независна. Некои мои колешки имаат сајтови каде ги нудат своите услуги, ама и до таму се стигнува само со препораки. Заинтересираните клиенти мора да поминат низ ригорозна контрола за да ја добијат девојката која ги интересира. Мене тоа не ми треба, бидејќи сум во позиција да бирам со кого и каде. Можам да откачам било кој ако не ми се допаѓа, а моите постојани клиенти знаат дека треба да закажат неколку недели однапред. Се појавувам во елитен хотел на закажаниот термин и се претставувам како гостин. Ако клиентот е срамежлив, му правам стриптиз шоу. Си одам кога сака да спие. Се поздравуваме, а ковертот со пари оди во мојата чанта. Никогаш не ги бројам парите и скоро секогаш е повеќе од договореното.

Мене ретко можеш да ме видиш со другарки како пијам кафе. Од станот излегувам само кога работам, на вечара со некој клиент или во некој добар клуб. Секогаш морам да изгледам како риба од насловна страна, со сјајна коса и блескави заби, со долги негувани нокти. Обожавам бунди до колена, високи потпетици, тесни фустани или „долче и габана“ комплет. Правата дама за придружба никогаш нема да облече панталони, бидејќи тие не се женствени и не можат „случајно“ да ја отскријат свилената долна облекаКоја ми е цената? Зависи. Најчесто 1000 евра. За тие пари, клиентот добива 8 саати дружење кое почнува со вечера и продолжува во најдобрите диско клубови. Ако е странец, се шетаме низ градот. Ако има секс – во ред, ако не – никому ништо. За викенд наплаќам од 2 до 3 илјади евра, зависи дали клентот е стар или нов. Авионската карта или луксузната кола, трошоците за сместување и шопинг се подразбираат. Ако одиме во Истанбул, не се враќам без накит. Еднаш од таму дојдов со 3 килограми злато! Една недела со мене чини околу 6500 евра. Обично одиме во Хрватска, најпопуларни места се Задар и Сплит. Времето најчесто го поминуваме на јахта. Ако одиме во Црна Гора, тоа е на Свети Стефан или во Милочер, макар што во последно време одиме со хелихоптер директно во вилите на клиентите. Најмногу заработувам за време на годишните одмори кои траат 10-15 дена, а еден ден чини од 1000 до 1500 евра, за 24 часа достапност. Журките чинат 1000 евра и во главно доаѓаат три девојки, па клиентот пред зора си бира една. Ако некој сака две девојки, тоа ќе ги чини додатни 1000 евра.

Клентелата е различна. Политичари, бизнисмени, луѓе од џет-сетот, спортисти, странци… Не смаеам да кажам ниту едно име, но има и поранешни политичари, главата на полицијата, на војската. Ма, каква економска криза! Ме бараат ко луди. Како што се менува власта, така се менуваат и становите и вилите во кои се гледаме. Има околу 5 вили на Дедиње, 10 станови во центарот на градот и уште толку на периферија и постојано ги менуваат за да не бидат откриени. Понекогаш менуваат и по три автомобили додека дојдат на договореното место, параноја. Кога клиентите живеат подолго во Белград, странците, бизнисмените и дипломатскиот кор се определуваат за станови на Крал Петар, Каленица или на Далматинска улица. Непишано правило е дека 90 проценти од ангажманите завршуваат во хотел Хајат.

Па, што сте се запнале толку за политичарите? Еве, да речеме, социјалистите се нежни, опуштени во сексот и забавни. Овие другиве, главно се под стрес, сериозни, а често не ни стигнуваат до сексот ако се многу пијани или издрогирани. Има еден демократ, прочуен политичар кој сака сè. Опуштен е, забавен, секогаш доаѓа во блендирани коли по мене и цел ден го поминуваме заедно. Понекогаш носи и колеги. Има секакви. Еден поранешен полициски генерал повеќе сакаше да се зеза отколку секс. Често одевме на неговото омилено место за лов и седевме таму до мугрите. Еден ден го снема. Слушнав дека на новата миленица и купил стан. Еден од познатите млади политичари правеше ергенска вечер со другарите, а со девојките се однесуваше како тинејџер. Кога се ожени, се повлече. Постарите и поискусните се спремни и на несфатливи потфати. Еден политичар ,после липосукцијата, сиот во завои, ме повика да ми покажел што сè може да прави и во таква состојба. Ништо не покажа. Еден политичар од претходната влада беше доста мрачен и безобразен, а во кревет воопшто не се покажа. Слободно можам да кажам дека црногорските политичари се понежни и покултурни. Познати се нивните журки во Милочер. Еднаш и јас се најдов таму. Беше цел владин врв. Тајно ме однесоа со приватен лет и ме сместија во вилата. Имаше и кокаин, но не претерано. На српските журки има и јадење, и пиење и кокаин во неограничени количества. Нема тука ефтини дроги. Журките со странци се поопуштени, било да се во Дубаи, Истанбул или Белград.

За домашните бизнисмени немам пофални зборови. Сакаат да доминираат, главно се импотентни и сакаат садо-мазо. Помладите бизнисмени прават по нешто, тие над 30 години се секогаш под стрес. Еден познат српски бизнисмен знае добро да се забавуваа. Ме изнајми за годишен одмор во Египет. Во авионот за Шарм ел Шеик патувавме како да не се познаваме. Во Каиро се забавувавме во најелитните клубови, каде најефтина пијачка е 30 евра, на секој половина час носат корпи со овошје, а останувавме до раните утрински часови. Само една вечер не чинеше 3000 евра.

Стојам на располагање и за посебни услуги бидејќи сето тоа одлично се плаќа. Најчесто бараат тандем. Желбата да се гледаат две девојки како имаат секс чини 600 евра на саат, а ако клиентот посака да им се придружи, цената расте на 800 евра. Клентите користат најразни стимуланси, како вијагра, спреј попер и др. Клентите егзибиционисти, кокаинот во втријуваат директно во пенисот и тоа се вика кокаински секс. Тоа им дава сила да издржат со саати. Не ми е јасно за што им служи сето тоа, кога алатот тогаш им се грчи и ништо не чувствуваат. Можеби потоа се фалат како ме „работеле“ со саати. Кутрите тие!

Другата страна на проституцијата

Ме натераа да се курвам

Ова е исповед на една девојка која дечкото на 17 години ја натерал да се проституира, ја подведувал цели осум години, ја тепал и ѝ ги земал сите пари.

–          После разводот мајка ми замина да живее со новиот маж со кој имаа уште една ќерка. Се чувствував запоставено. Кога се запишав во средно, почнав да се забавувам со еден дечко од соседството. Го знаев од дете. Врската ни одеше супер. Една вечер ме викна во неговиот стан – кажува девојката.

Кога стигнала таму, ја пречекал со друг маж и ја заклучил вратата.

–          Таа вечер двајцата ме силуваа. Беше страшно! Ми велеа дека јас сум го сакала тоа штом сум дошла таму. Да, сакав, но со својот дечко, а не со двајцата и на тој начин. Се противев, плачев, молев да престанат, но тоа не им паѓаше на памет – се сеќава таа.

И се заканиле дека ќе раскажат насекаде, ако изусти само збор на некој. Следните денови и се заканувале, и велеле дека никој не ја сака и дека родителите ќе ја исфрлат од дома.

–          Вистина беше. По неколку дена престанаа, а „дечко“ ми ми понуди да се вселам кај него во станот во центарот на градот, бидејќи дома секако, никој не ме сака. Тогаш почна вистинскиот пекол. Дечкото почна да носи клиенти. Кога се бунев, ме тепаше. Од клиентите земал пари, а јас не знаев за тоа.

Се правдал дека го палело да ја гледа со други мажи и дека тоа влијаело на квалитетот на нивните сексуални односи.

–          Не можев повеќе да издржам и се вратив кај мајка ми. Но ,тој дојде таму и кажа дека сум се занимавала со проституција и дека тој пробал да ме врати на прав пат, но јас не сум сакала, па сум побегнала дома. Истата вечер, мајка ми и очувот ме претепаа скоро до смрт. Утрото пак се вратив кај него, не знаев каде на друго место – кажува девојката.

Тој  рекол дека ќе биде построг и дека таа ќе мора да работи повеќе. И така започнала да работи на Синиот мост.

–          Имав неколку клиенти за преку ноќ, главно камионџии. „Дечко“ ми ги земаше сите пари. Бев очајна, но се помирив со судбината – вели таа.

Тогаш, на 25 години успеала да се оттргне од проституцијата со помош на еден клиент. Тој се заинтересирал за неа и ѝ понудил помош.

–          Ме однесе со кола кај некои пријателки. Ме посоветува што да правам и така се обратив кај Сигурната женска куќа за помош.

После тоа, заминала кај баба ѝ во едно село во внатрешноста на Србија. И денес е таму, на сигурно.

Еве како изгледа една понуда на дама за придружба на интернет:

Анастасија (23), студентка од Белград, течно говори англсики, француски и шпански. Дискреција загарантирана, ветува дека ќе биде малку ѓаволеста во креветот во кој ги исполнува сите желби. Има шенген виза, но нагласува дека патува само со авион ако клиентот и прати повратна карта. Половина од парите ги зема откако ќе слета, а другата половина пред да си оди. Во хороскоп е близнак и не пуши. Сака ресторани, патувања, филмови, танцување. Цена по договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag