Силата не помага кога имате дете кое е зависен од дрога. Секој родител мора да се потруди да најде начин како да разбуди во него малку љубов, нежност, чувства бидејќи познато е дека зависниците од дрога имаат само една цел – како да најдат дрога, ни раскажуваше мајката на едно младо момче кое користи наркотични средства извесен период. Пред две месеци, конечно помислила дека успеала да го спаси и тогаш, кога нејзината исповед, за која сите мислевме дека ќе има среќен крај и беше подготвена да ја објавиме, добивме информација дека дваесет и едно годишното момче, по речиси половина година пауза, повторно почнало да користи хероин. Невозвратената љубов од девојка му, која го остава откако дознала дека имал проблеми со дрога, беше причината за повторно да потклекне.
Мајка, кој самостојно без ничија помош се бори за животот на син и, речиси поразена, започнува да ни раскажува што се сé случувало во меѓувреме.
– Бев исцрпена после сите овие години, обидувајќи се да му помогнам на моето дете. Како да се борам напразно, без никаков адут и постојано ми се чинеше дека полека ја губам силата. Понекогаш помислував дека најдобро би било на сето ова да му дојде крајот – само да заврши. Илјадници како мене ги имаат изгубено децата, па зошто да не би била и јас меѓу нив! Тогаш можеби и јас би можела да продолжам да живеам – со уморен глас ни раскажува.
Во времето кога нејзиниот син бил на прагот на полнолетството, таа отпатувала за Германија, со цел да обезбеди финансиска сигурност за двајцата, а што е најважно да обезбеди пари за неговите студии.
– По две години, изненадно допатував во Србија без никаква најава и го затекнав во ужасна состојба. Веднаш почнав да се сомневам, но тој ме разубедуваше дека има проблем со алкохолот.
Побарав помош од поранешни зависници од дрога
Меѓутоа, многу брзо се покажа дека користел наркотични средства, полни две години, а јас не се ни посомневав! – продолжува мајката, која побара да остане анонимна. – Една вечер ми призна сé по телефон, а јас со првиот авион допатував во Србија. Тогаш почна мојата односно нашата заедничка борба против пеколот….против дрогата.
Следните седум години правевме херојски обиди да се одвикне од хероинот. Сите беа безуспешни. Момчето двапати се лечеше на Клиниката за одвикнување од наркотични средства, цела година помина во Црна Река, се лечеше во приватна клиника за детоксикација, каде што му беа вградени имплантанти кои ја уништуваат потребата за дрога… Но, тој одново се враќаше назад. Нивниот живот стануваше пекол, во кој мајка му го пратеше секој негов чекор, движење, расположение, секоја промена во неговите очите, секоја промена на лицето.
– До тогаш, не знаев ништо за хероинот. Почнав од нула – читав различни статии и стручни мислења на интернет кои им помогнале на луѓето кои се соочиле со истиот проблем, се сретнав со поранешни зависници од дрога кои го споделија своето искуство и ми дадоа совети. Се разбира, се чувствував измамена, исплашена . Како што влегував подлабоко во светот на дрогата, така се повеќе чувствував страв, раскажува мајка му, која и понатаму, иако на моменти полна е со огорченост, гнев, желба да се откаже од своето дете, има во себе огромна мајчинска љубов.
Му поклонив на син ми уште еден живот
Поминаа толку многу работи заедно, но иако долго време е зависник, ова младо момче е свесно дека само мајка му е цело време со него. Таа го врати во живот, кога пред неколку години се предозира таа му даде вештачко дишење и направи сé за да го врати назад. Успеа да ја порази неговата смрт, ја остави својата работа за да биде со него постојано, но секој третман претставуваше неуспешен обид и повторно се враќаше на “шприцот“.
Иако дрогата ги уништува сите емотивни врски, изгледа дека во ова семејство не е сé изгубено. Синот е подготвена да се обиде повторно со третманот, а неговата мајка се надева дека со љубовта која му ја пружа ќе му помогне да ја победи зависноста. Пред една недела се обрати до монасите од манастирот Ковиљ, но таму, како и во други институции немаат доволно простор за уште еден зависник. Ги има многу, како што кажуваат тие. Катастрофални информации се овие…
Ја изгубив мојата вербата, ми остана само надежта
Во моментот користи антидепресанти, што претставува уште една надеж за мајка му, надеж дека ќе успее овој пат. Почна да тренира, започна здраво да се храни, а таа стравува дали ќе успее и затоа постојано е околу него.
– Можам веднаш да препознаам кога има земно хероин. Тенот на кожата и очите му стануваат сиви, зениците се собераат…неговиот очни капаци се затвараат, се смее без причина, среќен е без причина… Ова среќа е лажна среќа и се надевам дека повеќе никогаш нема да ја видам. Решив дека нема повеќе да го контролирам, нека се бори сам. Ако повторно земе дрога му реков дека не сакам да знам ништо повеќе за него. Подобро е да го погребам сега, отколку да стравувам секој ден дека ќе го изгубам.
Знаци кои укажуваат на зависност
Нашиот соговорник ни укажува како секој родител би можел да препознае дали неговото дете има проблемот со дрогата.
– Многу родители бегаат од вистината, не сакаат да признаат дека нивните деца користат дрога. Ќе забележите дека парите се почесто исчезнуваат, дека вашето дете има долг сон, најмногу во текот на денот, дека станува неодговорно… ги занемарува сите негови обврски, ја занемарува личната хигиена. Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на родителите кои имаат сличен проблем, бидејќи тоа ми е всушност и целта – вели мајката која има неколку години искуство со овој проблем.
One comment
Sotir S
1 јули, 2011 at 10:58
Interesni storii. cool.