Нови Сад – „Тато, не смеев да ти кажам ништо бидејќи се плашев да не го убиеш. Тогаш ќе останев и без тебе“, се зборовите на 12-годишниот ученик од ОУ „Јован Дучиќ“ во Петроварадин. Тој е првата жртва која се осмели да проговори за злоделата на наставникот Иван Штасни Миовиќ, кој моментално е осомничен за злоупотреба на седум ученици од основно.
Поради траумата која ова дете со месеци ја доживувало, во моментов редовно посетува психолог, не оди на училиште и спие со запалено светло.
– Храбар е што се осмели да пријави. Благодарение на него, овој монструм е отстранет од училиштето. Меѓутоа, последиците од неколкумесечното малтретирање допрва се гледаат. Детето не спие, се вознемирува на секој звук и се повлекува длабоко во себе – вели М.У.,татко на детето жртва.
Според изјавата на таткото, злоупотребата започнала со почетокот на учебната година, кога М.У. со семејството се доселил во Петроварадин.
– Детето ми беше одличен ученик, но набрзо почна да попушта со успехот. Оцените му беа сè послаби и послаби, а тој беше доста повлечен во себе. Ослабе и стана молчалив. Помислив дека е навлезен во пубертет, па пробав да поразговарам со него, но ништо не сакаше да ми каже. Дури неодамна дознав низ каков пекол поминувало моето дете сите овие месеци – зборува таткото, видно потресен.
– Преку другарчињата од класот, наставникот ми порачуваше дека нема да имаат седми час, а во тоа време го носел моето дете кај него в кабинет. Таму го допирал и се самозадоволувал, а потоа му се заканувал на детето дека ќе го убие и него и целото негово семејство ако прозбори на некој за тоа што се случува во кабинетот. Кога почувствувал дека има шанси да биде пријавен, наставникот ги зачестил заканите.
– Еден ден го начекав наставникот дома кај нас, како седи на трпезаријата. Беше пијан и наводно дошол да му помогне на нашиот син околу домашната. Приметив дека е пијан и му реков на син ми да се држи подалеку од него. Дури сега полициските инспектори ми објаснија дека таа посета требала да му покаже на мојот син дека заканите на наставникот се сериозни и дека ништо не го спречува да го убие и детето и семејството – продолжува таткото.
– Мојот син е тоа дете кое било злоупотребено во нашиот подрум. Дошол кога ние не сме биле дома, го одвел во подрумот и го злоупотребувал. Не сакам ни да помислам на тоа – низ солзи објаснува таткото.
Таткото на детето пред неколку години е пензиониран со дијагноза „виетнамски“ синдром.
– Немаме пари да се отселиме и да изнајмиме нов стан. Секој ден сум принуден да гледам во тој подрум и да размислувам што сè моето дете преживеало таму. Син ми, кој не смее ни да помине покрај подрумот, засега го пратив да живее со едни роднини, додека не се снајдеме со пари за нов стан.
Детето два дена по ред се обидувало да отиде на училиште, но дома се враќало уште повознемирено.
– Најмногу од сè ме боли начинот на кој околината се однесува со него. Децата на училиште го малтретираат, а никој од наставниците, ниту пак, директорката не го прашале како е – заклучува таткото.
Таткото апелира до сите родители чиишто деца биле злоупотребени да проговорат или барем анонимно да се обратат на полицијата.
– Не смееме да дозволиме училиштето да се извлече без никакви последици. Цел Петроварадин знае дека овој наставник е алкохоличар и дека доаѓа пијан на часови… – огорчено додава таткото.
One comment
Sara
13 октомври, 2011 at 18:22
lele:///