Исповед на сведок од верските секти – пред божицата Кали

popara5 септември, 20111min00
1

Еден другар ме однесе во храмот на божицата Кали во Чубур. Иако знаев што симболизира таа, се присетувам дека мојата прва реакција беше паничен страв, започна со својата исповест, Марина, студентка на филозофскиот факултет во Белград. Беше одамна кога ги читав книгите и ги гледав фотографиите од божицата, но сега пред мене се најде црн кип на божицата што ме шокираше. Изгледот на голата божица Кали, заштитница на тантризмот, беше со јасно изразени атрибути и околу нејзиниот врат ланец од костурски глави и скелети… тој поглед кој продира низ тебе и те исполнува со страв. Осетив вознемирување, а веќе следниот момент осетив потреба да и се поклонам и да се покорам на нејзината волја. Тогаш мислев дека тоа е заради тоа што верував дека во предходниот живот сум била тибетански свештеник. Тоа ми го пренесе една моја другарка од факултет, која се занимава со регресија. Одвај чекав да ја сретнам и да побарам од неа стручно мислење за мојата случка со божицата Кали. Таа ми рече дека кај мене главен проблем е интелектуалната фрустрација и дека треба да се препуштам на волјата на емоциите, односно да ја разбудам заспаната енергија во мене преку сексуална пракса. Од неа дознав дека со тоа се занимава гуру Девананда, инаку Југословен. Запознавајќи се со Девананда не бeв свесна дека влегувам во секта. Таа малобројна група, од претежно млади луѓе, тврдеше дека тие само работата на себе и на своето духовно усовршување. Тоа ми беше доволно. Осетив духовна блискост со нив. Во таа заедница пред се ми беше изразен хороскопот и точните и прецизни податоци за моето минато, што всушност ме натера повеќе да верувам во таа заедница.

Книгите кои ги добивав на српски и англиски јазик го исполнуваа моето цело слободно време. Се дрогирав со нив. Потоа дојде на ред хатха јога, вежби кои се прават во положба која одговара. Некои зборуваа дека јогата е всушност филозофски систем, а бе само физичка пракса, а јас би додала дека тоа е пред се религиски систем за заробување на својата душа. Паднав во мрежата на пајакот. Сите мои активности се одвиваа според хиндуистички правила на однесување – начин на исхрана, размислување, молење, водење љубов… Дефинитивно, потполно се променив, а до тогаш воопшто не бев ни свесна, бидејќи размислував во складност со системот кој постепено и ненасилно го усвоив, а се тоа со надеж дека ќе ја постигнам својата духовна цел. Немав грижа на совест што го занемарив своето момче, другарките од факултет, родителите. Мислев дека тие беа ехото на животот во кој не постоеше смисла. Во сектата ми кажаа дека со Кундалини јога се занимавале луѓе кај кои духовноста е веќе силно изразена, па спрема тоа, следбениците – луѓе од божествен тип. Навистина верував дека сум над останатите. Тогаш, некој да ми кажеше дека мајка ми умрела, јас би одговорила: “Па добро, што со тоа! Таа ми е само физичка мајка во една од многубројните реинкарнации!” Го изгубив емотивниот однос спрема луѓето кои беа надвор од нашата заедница. Мојот емотивен однос беше единствено задржан кон гуру Девананда, како духовен учител. Така бев истренирана, па без никакво критичко размислување, мислите на Девананда ги усвојував како суштински мудрости. Во таа состојба, тој да ми кажеше да скокнам преку прозор од висококатница, јас тоа без размислување ќе го направев, убедена дека тоа е добро во кармичка смисла за мене. Својот надворешен изглед го променив во црно. Сите поданици на божицата Кали сакаат црна боја, па ја сакав и јас, бидејќи таа го изразува космичкото пространство. Црната боја е повеќе од тантризмот, бидејќи сите бои исчезнуваат во црно, а на исти начин и сите имиња и форми исчезнуваат во црното. Јас бев во група од петнаесет млади луѓе, но постоеше и постара група и секој од нас требаше да се одрече од одредени материјални добра за доброто на сите.

Се собиравме во приватни станови. На пример, за иницијација, како студент платив 100 марки, а месечно давав уште по 50 марки. На крај се дозна дека Девананда од тие пари го адаптирал станот, вградил клима уред, купил уметнички слики и сл. Тоа го дознав покасно откако ја напуштив сектата. Откако добивме своја мантра, гуруто нас не примаше на индивудуални часови за вежби за медитација. Секако, мантрата беше таму за да ја пробуди заспаната енергија во нас и се веруваше дека зборовите кои ги употребувавме во сектата беа од архаичното време, пред појавата на писменост. Кога вас, учителот ќе ве воведе во секта, тој бира мантра која треба да биде адекватна со вашата личност, како би се стимулирале психичките центри на таа личност. Покрај тоа постои и “њаша”, езотериска техника која се користи за осветување на одредени делови на телото, пред сексуалното соединување. Се верува дека со тоа се избегнуваат индивидуалните отпори и фрустрации, затоа што се уништува сопствената личност и вие имате чувство како да сте божество кое се спојува со друго божество. Сексуалниот однос помеѓу маж и жена се вика “маитхуна”. Целта е мажот да го спречи ејакулирањето на семеници, односно да има секс без оргазам. Тој ритуал, кој понекогаш траеше и по неколку саати, се додека не се совладаа сите бариери (чакри). Барем еднаш неделно, секоја од нас изведуваше маитхуна со гуруто. Тоа не беа оргии или групен секс, туку поединечни односи помеѓу двајца партнери. Според правилото гуруто не смееше да има сакана жена. Инаку тој имаше многу жени, меѓу кои беа и жени кои не беа во сектата, туку доаѓаа само за да спијат со него. Покрај односите со гуруто, практикувавме сексуални односи и со други припадници на сектата, бидејќи сексот беше техника, средство а не цел. Ни рекоа дека е идеално да “вежбаме” секој ден, затоа што така се разголуваат сите човечки страсти и се ослободува непотребната романтична или пак емотивна содржина. Целта беше преку секс да се ослободи секој страв и секое чувство на задоволство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag