Италијанскиот град Фелетино одлучил да прогласи независност од Италија и веќе почнал да печати и свои банкноти. “Кнежеството Фелетино”, се одлучило на овој чекор во знак на протест против строгите мерки на штедење кои им ги наметна владата на Италија.
Местото брои 550 жители, и планот на владата бил за да се намалат трошоците да се спои со соседниот град Треви. Градоначалникот Лука Селар, кој се соочил со губење на своето работно место, дошол на идеја да прогласи независност. Тој испечатил своја валута Фиорито на која е поставен неговиот портрет. Парите веќе се користат во локалните продавници, а туристите ги купуваат како сувенири.
Многу мали градови протестирале против спојувањето со поголемите градови, објавил BBC, па дури тоа може да ја принуди владата на Берлускони да ја повлече одлуката на приспојување.
– Италија некогаш била составена од многу кнежевства. Ако Сан Марино успеа да преживее, зошто да не Фелетино, изјавил Селар.