Избегнувајте да пиете кафе со млеко, затоа што ги расипува забите и поттикнува појава на кариес, советуваат врвните стоматолози.
Стоматологот Хајди Хакет тврди дека токму овој популарен пијалок е причината за расипување на забите. Хроничната изложеност на лактоза (млечен шеќер) го забрзува размножувањето на бактерии во устата, односно дејствува како катализатор при појавата на кариес. Зголемената популарност на кафето со млеко води кон зголемување на проблемите со забите, бројка која значително се зголеми во последните 5-7 години.
Според лекарите, расипување на забите е главно предизвикано од Streptococcus mutans. Оваа бактерија ги претвора шеќерите и јаглехидратите во киселини, кои ја кородираат забната глеѓ и ги оштетуваат забите.
Всушност, кафето треба да се испие во рок од 15 минути, а потоа усната шуплина треба да се исплакне. Но факт е дека луѓето најчесто го појат кафето во период од половина до еден час, што значи дека забите константно се изложени на млечните шеќери, а бројот на бактерии постојано расте.
За да се избегне овој проблем, лекарите препорачуваат по секоја голтка кафе да се испие голтка вода која ќе ги неутрализира киселините. Џвакањето на мастики без шеќер исто така е добро решение, бидејќи го стимулира лачењето на плунка, која ја чисти устата и ја намалува киселоста.