Изберете чизми според обликот на телото

popara15 октомври, 20111min00
cizmi

Секоја жена во својот плакар мора да има барем еден пар кожни чизми за есенските и зимските денови. Најдобар начин на одберете чизми е според обликот на вашето тело:

Стилето потпетици со својот долг и тенок облик се одличен избор за жени со куси нозе и тенки глуждови.

Чизми со тенка платформа им одговараат на слаби жени, додека оние со погломазни платформи им прилегаат на жени со облини.

Штиклите кои имаат дебела потпетица кај петите која надолу се стеснува одговараат на секаков тип на жени и оддаваат чувство на сигурност.

Рамни чизми најдобро им прилегаат на оние со долги нозе.

Платформите во облик на клин се одлични за жени со куси нозе кои сакаат да изгледаат повисоки.

Чизми до колена им прилегаат на послаби девојки, особено поради фактот дека тие имаат потенки листови на нозете. Исто така чизмите до колена визуелно ги издолжуваат нозете, па се одлични за жени кои имаат куси нозе.

Чизми до пола лис се добри само за оние жени кои имаат тенки листови, бидејќи тие визуелно го зголемуваат обемот на нозете.

Чизми до глужд им прилегаат на сите жени, но особено на оние кои имаат долги нозе.

Гумените чизми, кои се тренд во последно време, прилегаат на секого и на никого. За оние кои имаат желба и храброст да ги носат, препорачуваме да ги носат со тесни фармерки или хеланки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma