Избори во Бугарија :) Кандидат за градоначалник делел кокошки на бирачите! :) Бугарска работа! :)

popara18 октомври, 20111min00
104542

Еден од кандидатите за градоначалник на локалните избори во бугарскиот град Ветрен делел кокошки на гласачите, но неговата акција била спречена од полицијата.

Кокошките ги делеле две лица, кои навечер од приколката од камионот почнале да ги вадат кокошките и да ги подаруваат, а нарачател на ова бил кнадидатот за градоначалник, Димитар Џамов.

Полицијата, откако добила повик за овој настан, пристигнала брзо и го уапсила возачот на камионот и неговиот помошник, а живината ја вратила во фармата во селото Мало Коране.

Локалните избори во Бугарија се закажани за недела 23 октомври. Во Бугарија до сега кандидатите делеле храна, облека, чевли и пари, но ова е прв пат да се делат кокошки.

Медиумите објавиле и уште една чудна приказна, која ја направил кандидатот за градоначалник на Пазарџик, кога по првиот снег тој почнал да дели дрва и печки на ромските семејства.

По падот на температурите, карактеристичен е и „бонусот“ кој вино и сланина. Во Варна, на пример таксистите добиваат по 100 лева од партијата, за гласаат за нивните кандидати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag