Избришете ги доказите од бурно поминатата ноќ

popara3 декември, 20111min00
natural-makeup

Вашата кожа не мора да биде сведок за тоа колку сте биле весели вечерта, ако умеете како да ги сокриете последиците од жур исцрпеноста…

Со помош на неколкуте make up трикoви вратете го сјајот на вашата кожа и изгледајте одморено, без разлика на тоа што можеби сте спиеле два часа.

1. На пределот околу очите нанесете хидрантна крема зошто оваа регија има помалку влажност од остатокот на лицето. Освен тоа овој тип на крема се впива побрзо отколку тешките текстури ( како кај ноќните креми) кои формираат дебел слој кој не е најдобра подлога за коректор.

2. Особено е важен изборот на нијансата на коректорот. Ако ви е кожата светла , користете нијанса со розев пигмент. На потемниот тен му одговара коректор со потопла база, во крем или во боја на праска.Нанесете го течниот коректор од внатрешните кон надворешните агли на окото (до јаболчиците) .

3. Потоа од  коректорот во стик (две нијанси посветол од течната пудра која вообичаено ја користите) нанесете на прстот и натапкајте преку  слојот со течната пудра.Комбинацијата од различни текстури ќе формира филм кој ќе ги покрие подочниците а вие ќе изгледате свежо како после осум часа сон.

4. Фиксирајте го коректорот со пудра во прав. Без оглед на бојата на вашиот тен  одберете нијанса со жолт пигмент- тој ќе ги анулира темните кругови. Користете мат текстура, без светликави честички кои ќе навлезат во тенките линии околу очите  и уште повеќе ќе ги истакнат. Пудрата нанесете ја со четка со нежно тапкање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma