Кравата која се изгуби при транспорт од една фарма во Баварија, веќе месец дена слободно шета низ прекрасните шуми во Баварскиот предел.
Хеликоптери со инфрацрвени камери и стручњаци за животинска телепатија се мобилизираа со цел да ја пронајдат изгубената Ивон.
Кравата за кратко време стана ѕвезда во германските и австриските медиуми во толкава мера што германскиот дневен весник Билд оваа недела понуди награда од 10.000 евра за оној кој ке ја пронајде изгубената „ѕвезда“.
Ивон побегнала на 24 јули при транспорт од Корушка во Баварија каде требало да биде заклана во локалната кланица.