Измислија и ова, супер автобус вози со 250 километри начас и првезува до 23 патници. Возило долго 15 метри изработено од лесни материјали како што е алуминиум, карбон и фиберглас. Може да достигне брзина од 250 километри на час, а 23 патници може да уживаат во тој луксуз.
Неодамна во Обединетите Арапски Емирати претставен беше првиот светски супербус. Тој е дизајниран од астронаути и експерти за аеродинамика. Изработен од најдобрите лесни материјали. Супер возилото со електричен погон чини 7 милиони фунти, а најверојатно ќе го користи Шеик од Емиратите.
Импресивното возило е долго 15 метри и пат од 120 километри може да помине за само половина час. Авотобусот располага со удобност еднакава како онаа во лимузина или приватен авион.
Супербусот го има развиено Технолошкиот институт во Холандија, а проектот е финансиран од холандската влада, американската компанија Dow и саудиската компанија Sabic.
httpv://www.youtube.com/watch?v=sBQkxlN0EYk
One comment
Еки
5 октомври, 2011 at 16:26
Лудило е возилово 🙂