Режисерското деби на Angelina Jolie “Во земјата на крв и мед“ е номиниран за Златен глобус во категоријата најдобар странски филм. Angelina призна дека била шокирана од номинацијата, а за убавата вест дознала кога ги носела децата на стоматолог.
“Го вклучив мобилниот и видов дека имам маил. Навистина не го очекував тоа. Бев задоволна и среќна што снимив филм онаков каков што сакав и имам одлична прифатеност на филмот од страна на дистрибутерите“, изјави актерката.
Освен убавицата од Холивуд, номинацијата за Златен глобус ја изненади и Madonna, чии што авантури во режисерките води, секогаш беа проследени со негативни коментари. Сепак, се чини дека кралицата на поп музиката конечно научи нешто во врска со режирање на филмови.
Нејзиниот филм “W.E.“, кој пристигнува во почетокот на февруари во американските кино сали, е номиниран во дури две категории: за најдобра песна – за баладата “Masterpiece“ која исто така е потпишана од страна на Madonna и за најдобар музички композитор, а наградата и се насмевнува на Abel Korzeniowski.
Во Лос Анџелес на 15-ти јануари ќе биде одржан 69-иот Златен глобус, а домаќин ќе биде британскиот комичар Ricky Gervais.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hbrh4OA-IYs
httpv://www.youtube.com/watch?v=wDBU8CqU0dg