Израелскиот НЛО сепак бил измама?

popara26 септември, 20111min00
ttttt

Откако во јануари 2011 се појавиле снимки од НЛО над Ерусалим, започна истрагата за вистината за необичната светлина.

Потрагата , во меѓувреме, се премести од небо на земја, па така веќе не се бара изворот на светлината, туку луѓето кои можеби го лажирале овој настан и се обиделе оваа појава да ја претстават како НЛО. Со оглед на тоа дека ова НЛО го снимиле неколку неповрзани извори, неодамна, новинарите на израелската телевизија „Канал 10” направија мала истрага и се обидоа да стапат во контакт со сите сниматели и да ги слушнат нивните приказни.

Истрагата покажала дека не е се онака како што изгледа. Утврдено е дека снимателот на оригиналниот материјал поранешен глумец Елигаел Гадлиович, кој има и своја продукциска куќа. Новинарот кој го истражувал овој случај телефонски го повикал Гадлиович и добил потврда дека тој е автор на снимката, но на сите други прашања одговарал со изјави кои и баш немаат смисла.

Второто видео, го снимиле тинејџери кои признале дека не го познаваат креаторот на првото видео и дека немаат никаква врска со него. Сепак, утврдено е дека на снимањето на оригиналното видео присуствувал и Голан Ардив, глумец во еден од филмовите на Гадлиович, кој е и професор во училиштето во кое учат творците на другата снимка.

Првиот пат кога биле испрашувани, сите сниматели изјавиле дека не се познаваат меѓусебно, но откако е утврдена меѓусебната поврзаност, тие почнале да ги менуваат темите и одбивале да продолжат со разговорот.

На учителот му било поставено прашање дали разговарал со своите ученици за овој феномен, на што тој одговорил дека се уште немал време за тоа. Дали ова е само една голема случајност?

Погледната ја репортажата и сами заклучете:

 

http://www.youtube.com/watch?v=knY-ph_PHVg&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag