Еден американец објавил лажна посмртница за својата мајка, само за да добие платено отсуство од работа.
Сепак, еден роднина го повикал весникот од Пенсилванија кој ја објавил посмртницата, за да соопшти дека жената е жива и здрава, а потоа и самата жена ја посетила редакцијата на веикот за да ги увери во тоа.
Полицијата потоа веднаш го обвинила 45 годишниот маж, односно нејзиниот син. Тој наводно, ја објавил веста за смртта на мајка му само за да не биде отпуштен од работа поради земените слободни денови.