Актерката Лиша Хејли и нејзината девојка биле исфрлени од авион затоа што на другите патници им пречело нивното бакнување!
Убавата актерката повика на бојкот кон авиокомпанијата Саутвест бидејќи таа и нејзината девојка биле исфрлени од авионот во кој патувале од Балтимор до Сеинт Луис.
„Ние бевме дискриминирани. Од кога е противзаконско да сакаш некого?“, изреволтирано изјавила актерката.
Од компанијата Саутвест изјавиле дека Келји и нејзината девојка биле исфрлени од авионот затоа што нивното разменување на нежности било „претерано“, а не затоа што се лезбејки. Од таму истакнале дека во врска со овој случај ја имаат подршката дури и од Алијансата за Хомосексуалци.
Па, иако можеби актерката навистина претерала, ни Саутвест не се баш за верување. Тие минатиот месец од авион го исфрлија и пејачот Били Џо Армстронг, бидејќи одбил да ги крене панталоните, кои ги носел премногу спуштени. Минатата година тие го исфрлија и режисерот Кевин Смит, бидејќи заради прекумерната тежина не го собирало во едно седиште. И треба да се бојкотираат!!!