Америка остана шокирана по видеото на кое се гледа како мајка на едно 12 годишно девојче крвнички претепува соученичка на нејзината ќерка.
Дафне Мелин беше уапсена бидејќи иницирала тепачка помеѓу нејзината ќерка и 10 нејзини соученички, а потоа директно се вмешала во тепачката и двапати со колено удрила едно од девојчињата по глава.
Девојчињата сами ја договориле тепачката, и тоа заради момче во кое две од нив биле заљубени. На снимката се гледа борбата помеѓу двете девојчиња, како и повеќе лица кои само отстрана ја гледаат целата случка.
Откако видела дека нејзината ќерка „губи“, Дафне ја грабнала за коса нејзината „соперничка“ и двапати со колено ја удрила во глава.
Дафне се брани дека нејзината ќерка била жртва на „сајбер“ насилници, кои ја малтретирале на Фејсбук. Таа вели дека се пожалила на другите родители и на управата на училиштето, но дека никој не превземал ништо да се реши тој проблем.
Дафне беше уапсена и над нејзе ќе биде покренато обвинение за загрозување и напад врз малолетно лице. Всушност, целата американска јавност беше шокирана кога и беше дадено да се брани од слобода.
Погледнете го видеото од немилиот настан:
http://www.youtube.com/watch?v=C0yuWKZ2TIk&feature=player_embedded